Дочекот на Дејан Георгиевски, кој што вчера освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот.
Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри.
„Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех“, рече Георгиевски.