На 10 февруари (сабота) со почеток од 11 часот во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на ул. Никола Вапцаров бр. 6 ќе се одржи средба со кандидат студентите кои сакаат да студираат во Бугариja. Средбите се дел од информативната кампања на Министерството за образование и наука на Република Бугарија за приемот на државјани на РС Македонија во бугарските високообразовни институции за 2024-2025 според одлуките на бугарската влада ПМС 103/1993 и ПМС 228/1997, jавува Трибуна.

Средбите со кандидат студентите ќе се одржат во градовите Скопје, Битола и Струмица во периодот 9-11 февруари 2024 г. Во Битола средбата ќе се одржи ден претходно на 9 февруари со почеток од 11 часот во салата на хотел „Милениум“, а во Струмица на 11 февруари, исто така со почеток од 11 часот во Општинскиот младински центар.

Поканети се сите идни студенти и нивните родители, кои се заинтересирани да студираат во бугарските високообразовни институции. Тие ќе можат на лице место да се информираат за условите за студирање во Бугарија, за предностите што бугарските високообразовни институции можат да ги понудат и за граѓаните на Република Северна Македонија и за оние кои сакаат да аплицираат според Уредбата бр. 103/ 1993 година. на Министерскиот совет за спроведување на образовните активности меѓу Бугарите во странство и Уредбата бр. 228/1997 на Министерскиот совет за прием на државјани на Република Северна Македонија како студенти на државните универзитети во Република Бугарија.