Во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, вчера и денеска се одржа дводневната инклузивна детска работилница „Мозаик инсталација во културна соработка и современо живеење-платформа за меѓународна соработка“, јавува Трибуна.
Под раководството на мозаик уметничката Блашка Миева, деца и повозрасни лица со аутизам и други специјални потреби два дена твореа и се дружеа совладувајќи ги вештините за креирање на уметнички дела од мозаик.
Работилницата е дел од проект на „Добредојде Macedonia Welcome Centre“ финансиран со средства од Бугарската помош за развој обезбедени од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Во проектот учествуваа и невладините организации: „Во мојот свет“ и „Сончогледи кон сонцето“, кои се активни чинители на полето на работењето со деца и возрасни со аутизам и други специјални потреби.
Сликите од детската работилница можете да ги погледнете овде.