Денес во Брисел министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за стратегијата за дистрибуција на вакцините против ковид-19 до три земји, пред се од западен Балкан и соседите.
Состанокот на советот за надворешни работи ќе го води министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел. Како што е најавено, првата точка на дневниот ред ќе биде презентирање на стратегијата на ЕУ од страна на борел за дистрибуција на вакцини против ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.