Во Бразил беше постигнат рекорд со над 115.000 случаи на заразени со коронавирус во еден ден, соопштија здравствените власти.
Според Министерството за здравство, во Бразил во последните 24 часа е забележан еднодневен рекорд од 115.228 ново потврдени случаи со коронавирус, заедно со 2.392 смртни случаи од Ковид-19.
Бразил бележи повеќе од 18 милиони случаи на заразени од почетокот на пандемијата со коронавирус, додека официјалниот број на починати се искачи на 507.109 лица, соопшти Министерството.