Државниот судија на Рио де Жанеиро, Рикардо Сајфер и даде на Бразилската фудбалска федерација 48 часа да објасни зошто ниту еден играч на репрезентацијата што игра во Копа Америка не носи број 24 на неговиот дрес.
На Копа Америка можно е да има 28 играчи во списокот поради пандемијата на коронавирусите, додека претходно тој број беше ограничен на 23. Во Бразил, никој од 28-те играчи не носеше број 24 на грбот. Голманот Едерсон носи број 23, а играчот за врска Даглас Луиз 25. Бројот 24 е изоставен, и тоа единствено затоа што оваа бројка во Бразил е поврзана со хомосексуалноста.
Објаснувањето зошто е тоа така е доста комплицирано за луѓето кои не се врзани за Бразил. Доаѓа од нелегална, но призната бразилска лотарија наречена Јого до Бичо или Анимал Гејм. Без да навлегуваме во премногу детали, во оваа игра на коцкање на секој број му е доделено едно животно.
Во Јого до Бичо, број еден е ној, два – орел, три – магаре, итн. На бројот 24 е елен. На португалски значи: веадо. Овој збор се смета за хомофобична навреда за мажите во Бразил.
Со текот на времето, бројот 24 и зборот „веадо“ почнаа да се избегнуваат кога станува збор за мажите и низ целата бразилска култура, ако можете, ќе избегнете каква било врска со бројот 24.
Во Бразил дури и сенаторите го избегнуваат бројот 24
Затоа бразилските спортисти го избегнуваат дресот со број 24. Од 681 играч во бразилската фудбалска лига оваа сезона, само тројца го носат дресот со број 24. Но, само еден од нив е Бразилец. Тоа е Брено, голманот на Гремио. Бројот 24 сè уште го носат само Колумбијците Цезар Хајдар од Ред Бул Брагантино и Виктор Кантиљо од Коринтијанс. За нив, бројот 24 веројатно нема хомосексуална конотација.
Предрасудите под број 24 не се однесуваат само на спортот. Во бразилскиот сенат има 81 сенатор. Секој од нив има право на своја канцеларија, но во ходниците нема да најдете соба број 24.
Сега Бразилската фудбалска федерација треба да му објасни на државниот судија дали бројот 24 на дресот е специфично изоставен и кој е одговорен лично за бирање и дали ЦФБ има некои внатрешни упатства при регистрирање на броевите на играчите.
Бразилската фудбалска федерација сè уште не објавила, но очигледно е дека бројот 24 никој не го сака на грбот и дека е јасно зошто.
Што се однесува до Бразил, тие синоќа го совладаа Чиле со 1-0 и ќе играат во полуфиналето на Копа Америка.