Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.334 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 20 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ “8 Септември“ имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во моментот во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 131 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 22 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца и 4 мајки позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.
Вкупно 566 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и, утрово, до 8 часот, имало 160 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.