Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1082 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 58 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 89, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 7, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.