Покрај патот, недалеку од луксузната вила на принцот Хари и Меган Маркл, пронајдени се човечки остатоци, потврди портпаролката на канцеларијата на шерифот во Санта Барбара.

Коските, кои биле пронајдени за време на градежни активности во Монтесито, Лос Анџелес на 24 мај, според извештаите на странските медиуми, се многу стари, стари можеби неколку стотици години.

Се верува дека остатоците ѝ припаѓаат на млада жена со индиско потекло, а градежните работи во моментов се запрени за антрополозите детално да ги спроведат своите истражувања.

Првите извештаи сугерираат дека коските, пронајдени на длабочина од три метри, може да им припаѓаат на припадниците на племето Чумаш чии први траги во областа биле забележани пред скоро 11.000 години.

youtube
Принтскрин / Youtube

Меган и Хари купија луксузна вила од рускиот претприемач Сергеј Гришин во јуни минатата година, а во истата населба живеат и други познати личности, како Опра и Елен Деџенерис.