Во просториите на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје се одржа образовна презентација во рамките на кампањата „CONTINUONS EN FRANÇAIS-Да студираме на француски во бугарските универзитети”. На настанот беа присутни голем број ученици, кандидат-студенти, заинтересирани да го продолжат своето образование на бугарските државни универзитети на француски јазик, јавува Трибуна.

На настанот беа претставени следните факултети и струки: Факултет за обука по електро инжињерство на француски јазик- Технички универзитет Софија, Програма по економија и управа во Стопанскиот факултет на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски, Програма бизнис администрација во Стопанскиот факултет на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски, Катедра политички науки – Нов Бугарски Универзитет, Катедра применети странски јазици за администрација у управа , Нов Бугарски Универзитет, Магистратура ,, Франкофонија повеќејазичност и меѓукултурна медијација” Софиски Универзитет ,,Св. Климент Охридски.

Исто така беа претставени можностите за студирање во специјалниот Институт на Франкофонијата по администрација и менаџмент кој што е Институт на Универзитетската агенција на Франкофонијата, создаден во 1996 година во Софија според меѓународен Договор со Република Бугарија.
Образовниот настан кој беше отворен со поздравен говор од страна на директорката на БКИЦ Антонија Велева се организира во соработка на амбасадата на Бугарија и БКИЦ Скопје во партнерство со Францускиот институт – Скопје .