На 10-ти април (четврток) со почеток од 12:30 часот, во бугарскиот Културно информативен центар во Скопје ќе се одржи образовна презентација во рамките на кампањата „CONTINUONS EN FRANÇAIS-Да студираме на француски во бугарските универзитети”. На настанот ќе бидат претставени следните бугарски универзитети со факултети и струки на француски јазик :

  1. Факултет за обука по електро инжињерство на француски јазик- Технички универзитет Софија.
  2. Програма по економија и управа во Стопанскиот факултет на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски
  3. Програма бизнис администрација во Стопанскиот факултет на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски
  4. Катедра политички науки – Нов Бугарски Универзитет
  5. Катедра применети странски јазици за администрација у управа , Нов Бугарски Универзитет
  6. Магистратура ,, Франкофонија повеќејазичност и меѓукултурна медијација” Софиски Универзитет ,,Св. Климент Охридски

Исто така ќе бидат претставени можностите за студирање во специјалниот Институт на Франкофонијата по администрација и менаџмент кој што е Институт на Универзитетската агенција на Франкофонијата создаден во 1996 година во Софија според меѓународен Договор со Република Бугарија.
Образовниот настан на 10-ти април се организира во соработка на амбасадата на Бугарија и БКИЦ Скопје во партнерство со Францускиот институт – Скопје .

Целта на кампањата е на младите да им се презентираат можностите за стекнување висококвалитетно високо образование на француски јазик во Бугарија и за студирање на наведените универзитети и специјалности.