Во Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје денеска со почеток од 17:30 часот ќе се одржи претставувањето на енциклопедијата „Тракија“ – обемно научно издание подготвено од Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт, јавува Трибуна.
Во настанот ќе земат учество авторите на овој научен труд и претставници на Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт.
Во периодот 2022-2024 година беа објавени томовите I и II на Енциклопедијата „Тракија“. Томовите се издание на Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт.
Редакциониот одбор на Енциклопедијата ги вклучува истакнатите бугарски научници: акад. Георги Марков, чл.-кор. проф. Васил Проданов, чл.-кор. проф. Иван Гранитски, чл.-кор. проф. Георги Михов, проф. Стати Статев, проф. д-р Иван Маразов, доц. Геновева Михова
Автори на енциклопедиските статии се научници од Бугарската академија на науките и Тракискиот научен институт, меѓу кои: проф. Светлозар Елд’ров, проф. Борjaна Бужашка, доц. Ванja Стојанова, д-р Ванја Иванова, Стојан Рајчевски, доц. д-р Валентина Ганева-Рајчева, доц. д-р Наталија Рашкова, доц. д-р Георги Митринов и други.
Содржина на томовите:
Том I ги опфаќа:
Бугарското национално движење во Тракија од Преродбата до денес, организационите форми на движењето, промените во целите, клучните личности и учесници во овој процес.
Том II ги презентира: етнографијата и фолклорот на тракиските Бугари, јазичните особености, традиционалните занимања, народните носии, обичаите, традиционалната архитектура, читалиштата и фолклорните ансамбли, учеството на национални и регионални тракиски фолклорни фестивали.