На 20 мај 2025 година од 17:30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје ќе се одржи претставувањето на енциклопедијата „Тракија“ – обемно научно издание подготвено од Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт, јавува Трибуна.
Во настанот ќе земат учество авторите на овој научен труд и претставници на Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт.