Во големиот пожар кој денеска го зафати индустрискиот дел во Битола, изгорел хангар со градежни материјали. Пожарот предизвикал материјална штета, а нема повредени.
Во пожарот изгореле панели за градба и други материјали.
Очевидци за „САКАМДАКАЖАМ“ кажуваат дека прво се слушнала експлозија, а пожарот почнал од камион кој бил паркиран до хангарот.
Пожарникарите и натаму биле на терен, иако пожарот бил ставен под контрола.