Белградската полиција соопшти дека добила дојави за поставени бомби на повеќе локации во градот, додека медиумите пишуваат дека 50 бомби биле поставени на 12 локации низ Белград. Во мејловите што ги добиле неколку белградски медиуми покрај низата закани и пцовки, меѓу другото пишувало: „Вие сте сè уште тројанскиот коњ на Путин во Европа, сè уште се фотографирате со руски политичари, одржувате заедно разузнавачки проекти, таа ваша издрогирана будала Вулин доаѓа во Москва за да подготви дополнителни методи на репресија и угнетување и да ја шири волјата на Путин. Масовните четнички касапи и силувачи сега се ваши примерни граѓани, цајкани, војници, политичари, бизнисмени. Целата ваша земја е извалкана со невина крв и никој од вас нема храброст тоа да го осуди“.