Шпанскиот фудбалер Педри минатата сезона беше вистинско откритие за Барселона и се покажа како големо засилување.
Педри пристигна од Лас Палмас минатото лето, а во првата сезона ги воодушеви сите со своите игри. 18-годишникот дури успеа да добие повик во шпанската репрезентација, каде веднаш доби место во стартниот состав.
Младиот играч за врска беше дел од тимот на „Црвената фурија“ кој стигна до полуфиналето на Европското првенство, а потоа освои сребрен медал со шпанската олимписка селекција во Токио.
Но, она што беше загрижувачко за многумина беше дека за помалку од една година одигра дури 80 натпревари и немаше ниту една недела одмор.
Веднаш по Олимпијадата, Педри се врати во Барселона и одигра два натпревари, но потоа клубот го воодушеви со одлуката да замине на одмор за време на репрезентативната пауза.
Клубот постигна договор со Луис Енрике да биде изоставен од списокот на шпански играчи за натпревари овој месец, а на Педри му е даден три недели одмор.
Клубот соопшти дека Педри треба да се врати на тренинзите на 8 септември, но тој ги изненади сите денес кога се појави во тренинг центарот и го замоли тренерот да тренира со тимот на Барселона.
Pedri has returned from holidays and will train today. He was given vacation until Wednesday but decided to return earlier. [@tjuanmarti] pic.twitter.com/aM2wNk1Kjr
— barcacentre (@barcacentre) September 6, 2021
Роналд Куман е воодушевен од желбата на Педри да се врати на тренинзи што е можно поскоро, а најважно е што максимално го искористи својот одмор и е подготвен за нови предизвици.
Одлична вест за Барселона е што и Жерард Пике се опорави од повредата и ќе биде подготвен за дербито против Севилја викендов.