Поради силни снежни врнежи во Јапонија, една од најголемите авиокомпании во земјата, Ол Нипон Ервејз откажа 52 лета, а Јапан Ерлајнс 91 лет.
Бранот студен воздух зафати поголем дел од земјата, а големите снежни врнежи предизвикаа проблеми во сообраќајот.
Локалните медиуми објавија дека железничките линии на компанијата „Јамагата Шинкансена”, која сообраќа во севеоисточниот дел од државата, ги прекинала своите услуги од вечерва и нема да сообраќа првиот ден од Новата година.
Јапонската метеоролошка агенција ги зголеми предупредувањата за превозот и за прекини на електрична енергија во региони каде се очекува силен снег со пораст на атмосферскиот притисок.