Во раните утрински часови, на аеродромот Ринас во Албанија пристигнаа првите Авганистанци. Станува збор за 121 лице. Тие допатуваат со патнички авион од Тбилиси, Грузија. Меѓу пристигнатите има и 11 бебиња. Според извештаите, тие пристигнале во три часот по полноќ, а станува збор за авганистански државјани кои работеле за американската мисија во таа земја. Тие прво ќе бидат прегледани од лекари, а потоа ќе бидат префрлени во Драч, Тирана и други градови во Албанија каде ќе останат додека не добијат американски визи. На пречекот беа министерката за надворешни работи, Олта Џачка и американската амбасадорка, Јури Ким.

Advertisements

„Ова не се однесува само на традиционалното гостопримство и бесата на Албанците. Ова е исто така прашање на морална обврска бидејќи овие Авганистанци кои се учители, уметници, интелектуалци, активисти за граѓанско општество, за човекови права и за права на жените, беа 20 години наши сојузници во НАТО, веруваа во визијата за модерен Авганистан и ризикуваа да работат за да ја направат таа визија реалност“, изјави Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија.

Прикажи повеќе