Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека во септември инфлацијата изнесува 4,1 проценти или 0,1 отсто повисока од август.

Овој раст е поттикнат од повисоките цени на храната, горивото и образовните услуги.

– Во однос на месец септември 2022 година, најголем пораст на цените е забележан во групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ со 7,9 проценти, потоа во групата „мебел, апарати за домаќинство и одржување на домот“ со 5,4 отсто, „забава и пијалаци и култура“ со 4,9 проценти, „хотели, кафулиња и ресторани“ со 4,7 отсто, „облека и обувки“ со 3,2 проценти, „разни стоки и услуги“ со 3,1 отсто, „алкохолни пијалаци и тутун“ со три проценти, „образовани услуги“ со 2,3 проценти, „наем, вода, гориво и енергија“ со 2,1 отсто, „здравје“ со 1,4 проценти и „комуникација“ со 1,1 отсто. Од друга страна, цените на групацијата „Транспорт“ се намалиле за 7,2 проценти, наведува во извештајот на ИНСТАТ.

Во групата на прехранбени производи, цените на подгрупата „зеленчук, вклучувајќи компири“ се зголемени за 24,1 отсто, потоа во подгрупата „месо“ за 9,4 проценти, „млеко, сирење и јајца“ за 8,3 отсто, „овошје“ за 7,5 проценти, „риба“ со 4,2 отсто, „шеќер, џем, мед, чоколадо и слатки“ со 3,3 проценти, „леб и житарки“ со 2,1 отсто.

– Во однос на август 2023 година цените на групата „образовани услуги“ се зголемени за 1,7 проценти, потоа на групата „Транспорт“ за 1,3 отсто, „забава и култура“ за 1,2 проценти, „храна и безалкохолни пијалаци“ со 1,1 отсто, „облека и обувки“ со 0,8 проценти, „мебел, апарати за домаќинство и одржување на домот“ со 0,4 отсто, „здравје“ и „Разни стоки и услуги“ со по 0,3 проценти и „алкохолни пијалаци и тутун“ со 0,2 отсто, се наведува во извештајот на ИНСТАТ.

На годишниот раст на цените во септември главно влијание има групата „храна и безалкохолни пијалаци“ со плус 2,80 процентни поени, а по неа е групата „наем, вода, гориво и енергија“ со плус 0,41 процентен поен.