По предупредувањето од Интерпол, полициските сили во Јужна Африка запленија стотици лажни вакцини против Ковид 19.
Во магацин во Гермистон, во близина на Јоханесбург пронајдени се 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата упаси тројца државјани на Кина и еден на Зимбабве. Претходно, кинеската полиција идентификува криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упадна во погонот за пакување и уапси 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажни вакцини.