Компанијата која се занимава со производство на дијаманти Debswana го објави откритието на вреден камен од 1098 карати – трет најголем дијамант на светот.

Компанијата го нашла дијамантот на 1 јуни, пишува Гардијан.

– Верувамдека ова е третиот најголем дијамант на светот. Тоа е редок и извонреден камен. Носи надеж на нацијата која минува низ тешки времиња – изјавила Линет Армстронг, директорка на Debswane .

Најголемиот дијамант на светот, Cullinan од 3106 карати, пронајден е во Јужна Африка во 1905 година. Вториот по големина е Lesedi La Rona од 1109 карати, откриен е на североистокот на Боцвана во 2015 година.

Боцвана е водечки африкански произведувач на дијаманти.