Податоците на Канцеларијата за статистика на Европската унија покажуваат дека само во 2019 година, земјите-членки на ЕУ одобриле дозволи за престој на 220.879 граѓани од С. Македонија. Најголем број емигрирале во Германија. Евростат пишува дека во 2019-а бројот на граѓани на Македонија кои добиле државјанство во некоја од земјите на ЕУ е зголемен за 110 отсто во споредба со 2009 година.
Државниот завод за статистика во Скопје го нема точниот број на лица кои изминатите години ја напуштиле државава. Но, официјално се вели дека од 2002 година досега околу 400 илјади лица избрале да станат жители на други земји. Овој флукс на заминување доведува до недостиг на кадри од сите возрасни групи и професии. Речиси во секој бизнис има налепница на која пишува „Бараме работник“. Бројот на вработени во хотелиерството е намален од 50 до 80 отсто. Покрај работната сила, друг проблем е недостигот од стручен кадар. Во извештајот на Европската комисија за 2021 година, здравството се споменува како една од областите што се соочува со значителен недостиг на кадар.
„И покрај тоа што се нуди зголемување на платите како политика за одржување, здравството се соочува со загуба на медицински персонал, особено специјалисти кои или одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство“, велаат од Извештај на Европската комисија 2021 година.
Врз основа на еден меѓународен истражувачки проект за 2018/2019 година реализиран од повеќе организации во земјава, каде што фокусот бил на младите, се вели дека 2/3 од младите изразиле желба да ја напуштат земјава.
„Една третина од младите имаат силна желба да ја напуштат својата татковина, третина покажале просечна желба за мигрирање, а третина воопшто немаат таква желба. Истиот процент од 33,80, како и во Студијата од 2013 година (33%), одговориле дека планираат постојано да живеат на саканата земја/локација. За речиси половина од младите, главната причина за миграцијата е подобрувањето на животниот стандард. Како најпосакувана дестинација – број еден за иселување кај младите е Германија“, велаат од студија за младите.
Секоја година во земјава има по 18 илјади слободни работни места, но 80 отсто од нив се за пополнување на испразнети, а не за отворање на нови.