Фатмир Лимани, инаку внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, и во моментов заменик директор на ЕЛЕМ, во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека Ахмети сака да ја спои ДУИ со СДСМ, а тој и неколкумина други се против ова.
Лимани, кој откри дека ќе се кандидира за градоначалник на Кичево, изјави:
-Не можам да кажам со сигурност дека Ахмети работи за спојување на ДУИ со СДСМ, но со неговите политики и постапки последните неколку месеци станува јасно дека Ахмети работи во таа насока. Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри“, рече Лимани.