Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога, објави телевизија Алфа. Како што дознава Телевизија Алфа, тој пред извесен период се вратил од Косово, каде бил некое време. Набрзо по доаѓањето во Македонија, бил фатен со дрога. Како што тврдат од оваа телевизија до МВР испратиле конкретно прашање, со наведено име и презиме, но од МВР им одговориле дека имало акција во Зајас и дека било уапсено лице со иницијали М.А.

-На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, информираат од МВР.

Целата вест на Алфа.