Лидерот на Беса Биљал Касами денеска на прес конференција објави дека Фатмир Лимани се приклучува на Движењето Беса.
„Ми претставува особено задоволство што веднаш по објавувањето на датумот на партискиот конгрес, започнуваме со зајакнување на нашите редови. Денеска сме тука заедно со активистот Фатмир Лимани и неговите пријатели да направиме важен чекор кон зајакнување на албанската опозиција, приклучувајќи се во редовите на Движењето Беса. За нас е чест и почит што еден национален деец како Фатмир Лимани, кој целиот свој живот го посвети на националната дејност, стана дел од Движењето Беса“, рече Касами.
Фатмир Лимани е професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ, како и кандидат независен на локалните избори за градоначалник на Кичево.
Кога ја поднесе кандидатурата за градоначалник Лимани, кој инаку е внук на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, ијзави дека со политиките и постапките на Ахмети, во последните неколку месеци станува јасно дека тој работи во насока за спојување на ДУИ со СДСМ.