Тешките обвинувања на внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани, ја замолкна ДУИ. И по дводневните постојани напори на Алсат да стапи во контакт со претставниците на ДУИ, никој не беше подготвен да ги коментира обвинувањата за злоупотреба од функционери на ДУИ, но и, како што вели Лимани, погрешните постапки во партијата на Али Ахмети. Недостапен беше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, против кого, Лимани, упати едно од обвинувањата при објавување на својата кандидатура за независен градоначалник.

„Жалосно е што основните училишта се уништуваат, а часовите се зголемуваат во смисла дека во гимназијата зголемувањето на појавите на корисници на дрога и алкохол надминува 60%, се зголемува вработувањето на наставници без никаков критериум и без диплома, корупцијата, кражбата, злоупотребата на јавен имот, на рекетот и криминалот во сите области им нема граници и не престанува“, рече Фатмир Лимани, независен кандидат за Кичево.

Како знак на незадоволство од политиката на ДУИ, Лимани најави отказ во ЕСМ, застанувајќи во одбрана на Изет Меџити, кој неодамна поднесе обвиненија против вицепремиерот Артан Груби. Фатмир Лимани исто така го обвини лидерот на ДУИ дека започнал да ја спојува партијата со СДСМ.

„И пред неколку дена се изјаснив. Али Ахмети, одговори и не го гори јорганот за една болва, не го губи Изет Меџити, бидејќи со тоа свесно ја праќате ДУИ во историја. И оваа порака наиде на глуво уво. Со еден збор, субјектот ДУИ почна да се спојува со СДСМ, концепт кој во оваа земја нема да помине ни во следните 1.000 години“, изајви Фатмир Лимани, независен кандидат за Кичево.

Освен како внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани е познат и како негов близок соработник. Лимани во 1998 година беше осуден на 10 години затвор под обвинение за тероризам, односно за бомбашките напади на неколку полициски станици во периодот 1997 – 1998 година. Неговиот татко Беќир Лимани беше убиен од полицијата за време на претресот во неговата куќа во Кичево, во потрага по Фатмир Лимани.