Внуките близначки на никогаш непрежалената тетка ја отворија својата душа во едно од ретките интервјуа во својот живот, бидејќи досега тие буквално живееа подалеку од рефлекторите.
Внуките на принцезата Дијана, 28-годишните Амелиа и Елиза Спенсер се најдоа на насловната страница на британскиот магазин „Татлер“, а во интервјуто зборуваат за својата тетка, никогаш непрежалената сестра на нивниот татко, грофот Чарлс Спенсер.
Убавите близначки ја отворија душата и отворено зборуваа за нивната тетка која ја изгубија кога имаа само пет години.
„Секогаш ја гледавме и доживувавме само како наша тетка, Растејќи во Јужна Африка, навистина не знаев колку таа е значајна во светот се додека не пораснав“, изјави Елиза, која Лејди Ди ја опиша како неверојатно топла личност полна со љубов.
„Секогаш се трудеше да се поврзе со нас, да се спушти на детското ниво и имаше неверојатен талент за читање на детските срца. Сите деца ја обожаваа. Кога го напушти овој свет, сфатив колку тоа е голема загуба за мојот татко и семејството, а дури подоцна го сфатив значењето на загубата на неа како личност во светот“, раскажа Амелиа.
Освен тоа, близначките раскажаа и за инцидентот кога како девојчиња со нивната тетка се шетале до плажата. Во еден момент им пришле папараци, се турнале во нив и буквално го срушиле едното девојче. Ги сликале од сите страни, буквално туркајќи ги апаратите во нивните лица, а сето тоа изгледало многу трауматично и насилно.
„Дијана реагираше смирено, паметно и со размислување. Ние не знаевме што се случува. Целата ситуација можеше да заврши прилично застрашувачки за нас, бидејќи бевме многу млади и не разбиравме што се случува. Но, нашата тетка го претвори тоа во игра велејќи ни да се натпреваруваме која прва ќе дојде до автомобилот. Ние започнавме да трачаме но не бевме свесни дека таа всушност така не спасила. Долго време никој не знаеше дека всушност таа ни го спаси животот и приватноста. Беше неверојатно како не заштити и направи да се чувствуваме сигурни и да немаме страв и до ден денес од тој брутален напад на новинарите. А во тоа време ние навистина не знаевме што всушност прави таа“, заклучија близначките.