Наоми Бајден, внука на американскиот претседател Џо Бајден, ќе ja имa својата венчавка во Белата куќа. Нејзиниот избраник е Питер Нил, а свадбата е в сабота.

Ова ќе биде 19-та венчавка во историјата на Белата куќа. Според Американското историско претседателско здружение, сепак, првпат невестата е внука на претседателот. Стјуарт Мекларен, претседател на Здружението, истакна дека посебните прилики во ова здание се навистина незаборавни.

– Ако ја имате привилегијата таму да прославите некој празник или некоја посебна пригода во вашиот живот – како што е свадбата, тоа ќе биде многу незаборавен настан, нагласи тој.

Наоми е ќерка на синот на Џо – Хантер Бајден. Нил неодамна дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Пенсилванија. Тие живеат во Вашингтон.

Историски погледнато, девет од 18 документирани свадби во Белата куќа се на претседателски ќерки. Последна беше на ќерката на Ричард Никсон, Триша, 1971 година. Тука се венчаа и внуци, син и браќа и сестри на првите дами. А, и еден од претседателите на САД, Гровер Кливленд се ожени во Белата куќа во неговиот мандат (1893 – 97).