Утринава во повеќе онлајн медиуми излезе информација дека денеска и утре нема да важи забраната за движење после 21 часот. Меѓутоа, полицискиот час е укинат само за денеска, додека утре повторно се враќа на сила и ќе почне од 21 часот.
Според одлука на Владата, од 28 април полицискиот час важи од 21 до 5 часот, а исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај за време на Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за Рамазан бајрам. Новите мерки важат до 15 мај.