Првото лице што ќе го бакнете во новата година може да ви ја одреди следната година – тоа верување започнало во Велика Бротанија и Германија и со тек на времето се проширило низ целиот свет. Иако многу луѓе не го знаат значењето и важноста на тој прв бакнеж, постојат некои претпоставки.

Првиот бакнеж во новата година открива во која насока ќе ви тече остатокот на годината. Бакнежот зборува за зајакнување на поврзнаоста со лицето кое прво сте го бакнале.

Ако љубовниот пар не го обележи почетокот на годината со бакнеж, тоа не е добро за нивниот однос и би можело да навестува проблеми во врската.

И оние кои не се во врска би требало да бакнат некого во првите минути од Новата година бидејќи во спротивно целата следна година ќе бидат многу осамени, пренесува Your Tango.

Шкотите имаат интересна и забавна традиција која ја нарекуваат Hogmanay, тоа е всушност нивен традиционален збор за последниот ден во годината. На оваа забава обичај е да се обидат да ги бакнат сите луѓе во просторијата пред полноќ.