На 29. ноември 1944 година во завршницата на Февруарскиот поход, третата борбена група составена од еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ под команда на главниот штаб на македонската војска, во Кумановско го разбиле вардарскиот четнички корпус, посочуваат од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски.
„Тоа дотогаш била една од најголемите битки и најголема победа во која помалубројните партизани разбиле единица од 800 македонски четници.
На тој начин му било ставено крај на движењето на македонските четници кои до 1943-та година биле многу побројни и од македонските партизани“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-НП предлагаат годинава оваа битка од Втората светска војна да биде одбележана на државно ниво, затоа што, како што велат, никогаш во овие 78 години и се нема дадено државно значење и одбележување.