„За разлика од другите политички формации кои ветуваат што ќе направат во следните 4 години ако повторно ја добијат довербата на граѓаните, ние многу јасно изјавуваме што сме завршиле. Нема ништо од големите работи што ги ветивме и ги ставивме во програмата за општо управување што не сме ги исполниле“, изјави лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов.

ВМРО денеска официјално ја отвори својата кампања за парламентарните избори на 4 април со ансамблот Б’лгаре и тенорот Веселин Вачев.

„Ние повторно стоиме пред бугарскиот народ со кренати глави и со цврста доверба дека го сторивме тоа што го презедовме како обврска“, рече Каракачанов.

„Ние велиме: За нас, број еден во нашата идеологија и кауза како организација од 127 години е Бугарија. И не случајно судбината ни го даде бројот еден. Оној што служи на олтарот ја заслужува и довербата на народот “, рече Каракачанов и изрази убедување дека ќе ја добијат.

„Ние сме луѓето што тврдиме дека во следниот состав на бугарскиот парламент ќе бидеме една од водечките политички сили и судбината на Бугарија ќе зависи од нас, бидејќи 30 години транзиција и национални предавства се доволни, време е да се погледне бугарското, да ги погледне нашите семејства, да ги заштитиме бугарските граѓани, да го поддржиме бугарскиот бизнис во тие тешки времиња “, рече на отворањето претседателот на Националниот изборен штаб на ВМРО Jулијан Ангелов.

Тој наведе дека меѓу нив на отворањето има претставници и лидери на листи и кандидати за пратеници од различни изборни единици. „ВМРО на овие избори е поддржана и од разни здруженија и политички сили“, додаде Ангелов.