ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува обидот за политизација на спортот во Македонија.

Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК.

Какви политички интереси има СДС во МОК.

Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт.

Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени.

СДС е партијата која за цели 7 години не изгради спортско игралиште, ниту еден базен, ниту еден фудбалски терен. Нивниот резултат за спортот се множи со нула.

СДС е неконструктивна и тотално безидејна партија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ./Макфакс

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја брани лошата организација на олимпијадата од МОК е превземен од МАКФАКС.