По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје. Барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП Скопје.
-Бараме градоначалничката Данела Арсовска заедно со надлежните сектори до петок до 12 часот да донесе одлука за пренамена на пари за ЈСП ‘Скопје’ како би се овозможило непречено функционирање на претпријатието и исплата на плата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз“, стои во иницијативата за свикување вонредна седница, која ќе се одржи денеска во 14 часот.





















