ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта на Зоран Заев нема мнозинство во парламентот, па поради тоа како што велат оваа власт нема легитимитет да владее. Бараат брзи избори веднаш.

-Заев нема политичко мнозинство во Собранието. Неговата влада е дивоградба. Народот на 31-ви октомври јасно се одлучи за промени. Волјата на народот не е претставена во собранието и затоа треба да има предвремени парламентарни избори. СДСМ изгуби со над 100.000 гласови. Заев го има најлошиот  резултат кој СДСМ некогаш го имале. Тоа е најголемиот пораз на таа партија. Заев и СДСМ со него се делегитимирани. Заев треба да си замине час поскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.