Ако за Заев Бугарите се таткото и ако цената е исполнување на хегемонистички апетити, тогаш веднаш да се прекинат разговорите со Бугарија.
Заев кажа дека Бугарите сакале да бидат таткото, тогаш прашањето е што бара се уште на преговарачката маса. Кој е демантот на Владата за да ги разубеди Бугарите дека грешат и да посочи владата на Заев до каде се македонските црвени линии. Заев целосно потфрла и се однесува како длабоко уценет човек.
Зоран Заев треба да престане да се однесува незрело и да игра по нотите на Бугарија. Во ист ден кажува дека се ослободители и окупатори. Кажува дека тие биле таткото и дека бараат откажување од идентитетот. Ако цената е идентитетот Заев треба да ги прекине разговорите и да го напушти договорот со кој ја отвори пандорината кутија на големобугарските барања.
Или тие ќе се повлечат од тие нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да земјата стане членка на ЕУ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ