Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на писмото на Зоран Заев за Отворен Балкан:
Зоран Заев ветуваше Европска унија, бесплатно здравство и високо образование, а најголем дострел му е писмо за Отворен Балкан.
Заев и неговиот пиун Ковачевски треба да одговорат дали Отворен Балкан е замената за Европската Унија која е јасно дека со оваа влада станува недостижна цел.
Отворен Балкан не може да биде замена за Европската унија.
Добра е регионалната соработка, но Отворениот Балкан не смее да биде прифатен за утешна награда како замена за стратешките цели кон кои цели државата.