Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со ново обвинување за Заев и Филипче. Тие повторно ги посочија нив двајца како главни виновници за високата бројка на заразени, но и починати од коронавирусот. Како што велат од оваа партија, Филипче и Заев ги затвориле пунктовите а вакцинација и за тестирање за време на празниците.

-Бројката на болни од корона се движи кон 10.000 лица. Бројката на починати надмина 8.000 лица. Венко Филипче и Зоран Заев ќе бидат запаметени по негативни рекорди. Македонија е високо петто место на светската листа на починати, а во Европа е на четврто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И наместо организација и одговор на зголемениот број на корона позитивни, Филипче и Заев ги затворија вакциналните пунктови, но и оние за тестирање, па граѓаните се приморани од свој џеб да ги плаќаат тестовите по приватни лаборатории. Или џабе одвојуваат од својот џеб за здравствено осигурување. Плаќаат тестови, плаќаат тестови, а плаќаат и за лекување. Само за овие три празнични дена има околу 3.000 заболени. Јасно е интересот на Филипче и Заев беше само за нивните бизнис интереси, односно корупција и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.