ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот Комитет ќе расправа за ставот на Зоран Заев, за кој како што велат, првично ја прифати резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбива.
-Тоа покажува дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо од национално и државно значење. Отворањето на теми што не делат во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија. Задача на владата во однос на ова прашање е да не обединува, а не да не разединува, целат од опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека текстот на резолуцијата е напишан од врвните научни и образовни институции, УКИМ и МАНУ.