Еве прецизен одговор за малиот Димитријевиќ за марихуаната. Одговорите за тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана нека ги постави на Венко Филипче кој е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„Зошто Венко Филипче ја напушта панично државата на втори февруари и се упатува кон јужниот сосед. Дали и каков состанок имал со Зоран Заев? Јавна тајна е дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот со марихуана. Сосема случајно или не, во Струмица се конфискувани над 30 тони марихуана кај лице советник на Заев и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Димитријевиќ претдходно денес, на прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана Димитријевиќ нека го праша Филипче кој панично ја напушта државата на 2 февруари кон јужниот сосед е превземен од МАКФАКС.























