ВМРО-ДПМНЕ се јави со писмена реакција откако стана јасно дека судијаката Добрила Кацарска е избрана за претседателка на Уставен суд.

-Егзекуторот на Заев во судството Кацарска наградена поради двестагодишниот затвор за Уставобранителите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат од таму Кацарска е најверниот извршител на Заев.

-Кацарска водеше маратонски рочишта и од 15 часа само за да ги затвори Уставобранителите по брза постапка. Немо гледаше кршење и на човековите права на притворените и дозволи тешки повреди кршејќи го Уставот. Кацарска го кршеше Уставот, таа не може да биде претседател на Уставен суд, велат од опозициската партија.