4 години никнуваат дивоградби во Охрид, Заев со прст не мрдна да ги спречи, луѓе од неговата коалиција дивеат во градот и се дел од урбаната мафија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на премиерот за Охрид и статусот во УНЕСКО, во која обвини дека токму опозицијата при нејзиното 11-годишно владеење е виновна за ова.

Како што велат од позицијата токму Заев и Константин Георгиевски ризикуваат Охрид да го загуби статусот на заштита од УНЕСКО. Заев е директно виновен за хаосот во Охрид. 4 години ги стимулира урбаната мафија и насилниците од неговата коалиција кои тепаат и луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.