ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение реагира на критиките на новинарот, Сашо Ордановски, за претседателот на САД, Донадл Трамп.

Од владејачката партија велат: „Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е “рекетар и неонацист, кој лаже”.

„Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата. Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ?“, праша ВМРО-ДПМНЕ, барајќи одговор и од Венко Филипче кој е неговиот став на навредите.

Ордановски претходно рече и дека Трамп е идеолошки вљубен во Путин.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ за критиките на Ордановски за Трамп: „Тој е близок на СДСМ, дали и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава“ е превземен од МАКФАКС.