Опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ со демант на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во изјава за Ал Џезира рекол дека на 29 јануари 2019 г. не бил прв човек на МВР.
„Во изјава за Ал Џезира Спасовски изјави: Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски.
На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис.
Или Спаовски не знае во која година живее, или намерно сака да манипулира.
2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата.
Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.
Колку и да се труди да манипулира и колку и да прета, одговорност ќе има“, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.