Спектаклот кој го прави Владата од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на власта на Зоран Заев. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ реагираше откако денеска пристигна првата пратка од вкупно 8000 вакцини ветени од Србија.
–Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата. 4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе. Министерот Венко Филипче најави дека ќе се вакцинираат по 2.000 дневно, што значи вакцинирањето ќе заврши за еден ден и неколку часа. За вакцинирање кое ќе трае еден ден не се потребни спектакли туку работа да се најдат повеќе вакцини. ВМРО-ДПМНЕ го поздравува чекорот што има држави кои помагаат, но воедно нема потреба за спектакли на домашната влада која не умее да се справи со здравствената криза. Со нивната неспособност убедливо земјава е најлоша во светот по бројот на починати и без воопшто започната вакцинација, велат од опозициската партија.