„Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДС и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат.

Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошковски кој зема 50 илјади евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари.

Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.

Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.

Сите овие, но и десетината други кои ги обелоденивме ја чинат Македонија околу 2 милиони и 250 илјади евра за еден мандат. Овие средства доколку се скратат од ставката „паразитирање“ и се потрошат наменски сега во време на криза ќе има повеќе пари за лекови, за студентски оброк, за поддршка на земјоделците или за изградба на некое училиште, градинка или амбуланта.

Но власта на СДС и ДУИ во оваа криза имаат други приоритети, различни од тие на народот. На власта приоритет им се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови.

Денес скандалот „Паразити“ продолжува со нови имиња и нови непродуктивни трошења во време на криза“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.