Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, не е само влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени. Нема барање на Албанија и на Бугарија кое не го исполнија, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение се вели:

Антивладиното расположение кај народот се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и Ковачевски. Затоа е големата нервоза кај нив. Затоа не знаат кого попрво да обвинат за својата очајна политика. Прво удрија по медиумите, сега удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори.

Нивните пратеници, на кои им е јасно дека владата на Ковачевски се одржува на апарати, се наоѓаат под сериозен притисок и закани како директни, така и индиректни од посредници, но и насилници и ликови од подземјето. Се поголем број членови на СДС и нивни функционери сваќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за СДС и за Македонија.

Насилниците и оние кои упатуваат закани кон пратеници, но и нарачателите треба да знаат дека за тоа ќе одговараат. Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. нивниот политички крај се ближи. Борбата за Македонија нема цена и во оваа борба народот ќе извојува победа над власта на Ковачевски.