Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ…

Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат. Не може на власта да им бидат граѓаните виновни кога самите со својата контрадикторност создаваат сомнежи.

Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење.

На крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате.

Граѓаните со право се загрижени и уплашени бидејќи власта во континуитет создава недоверба. Еднаш велеа дека има доволно пченица, за потоа да видиме дека бара пченица од соседите. Еднаш велат стоковите резерви се полни, а никогаш не кажаа колкави количини се обезбедени.