Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати и пензии, инфлацијата го осиромашува народот, вели опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари.
Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал.
Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа. Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог за покачување на пензиите за 20%.
СДСМ да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението.