Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлече логото подготвено од Владата по повод одбележувањето на 30 години независност на нашата држава.

 -Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт. Последен во низата на недоследности и погазување на идентитетските обележја е знамето на Република Македонија, преставено во логото за прославата 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија. И покрај острата реакција од страна на граѓаните, Владата на Зоран Заев сеуште е глува за целосно повлекување на логото. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8-ми Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо, велат од опозициската партија.